Акционерското друштво Агроплод во период од први јануари до 30-ти септември оваа година прокнижи загуба од 8.589.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех.
Во првото полугодие од минатата година, Агроплод прикажа загуба од 7.774.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од 2015 година се на ниво од 7.848.000 денари, додека во истиот период лани достигнаа вредност од 11.753.000 денари.