Жито Лукс во склоп на кампањата „Храна подарена од срце“ повторно ќе ја искаже својата општествено одговорна мисија. Преку донирање на основниот прехранбен продукт, компанијата уште еднаш ќе ги задоволи потребите во заводот за рехабилитација Рето Надеж, поддршката што се одвива во континуитет неколку години. Донацијата што ќе се реализира со достава на неделните потреби од леб за штитениците на Заводот, ќе трае во текот на цела година.
Компанијата Жито Лукс ја има создадено кампањата „Храна подарена од срце“ со цел да им помогне на повеќе институции за згрижување на социјално ранливите категории.
„Ние како компанија секогаш се трудиме да помогнеме каде помошта е потребна. Оваа кампања е создадена токму за тоа, постојано да биде од корист за институциите и установите кои ги згрижуваат најранливите групи на граѓани, а Заводот Рето Надеж е само една од повеќето детектирани. Организирањето на ваквите донаторски акции се начин како директно можеме да помогнеме и да ги подобриме условите во тие средини“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, маркетинг менаџер во Жито Лукс АД Скопје.
Кампањата „Храна подарена од срце“ преку своите активности и донации создава можност за полесно функционирање на институциите кои компанијата самоиницијативно ги одбира со цел да им помогне и ги задоволни нивните основни прехранбени потреби.
Ваквите кампањи и хуманитарни акции се дел од работењето на Жито Лукс, компанија која преку своето залагање за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории покажува пример којшто останатите компании треба да го следат, помагајќи во подигнувањето на јавната свест за подобра животната средина.