XTI, компанија за изработка на воздушни летала, дизајнираше револуционерно превозно средство кое може да полета и да слета на било која локација со брзина на типичен приватен авион, пишува stuff.co.nz
Наречен Trifan 600, овој џет е со капацитет за шест лица, нуди уживање во погледот, брзината и комфорот на самиот ентериер и совршено одговара за бизнис патувања.
Леталото покрај комерцијалната намена ќе може да се користи и за медицински цели, токму поради можноста за вертикално слетување и полетување од било која локација, лежечкиот кревет и трите седишта за медицински персонал или придружба.
Trifan 600 користи три пропелери што го подигнуваат за неколку секунди, пред да премине на режим – летање со голема брзина.
Џетот што е своевидна комбинација на авион и хелокоптер, би можел да достигне брзина од 400 километри на час за 90 секунди.