Consumer Physics, компанија од Израел креираше мини уред којшто инстантно го анализира составот на храната, пијалаците, лековите и слично, пишува Telegraph.
Мини скенерот, наречен SCiO, испраќа информации за хемискиот состав на одредениот производ или намирница до смартфонот на корисникот, каде низ апликации ги презентираат резултатите.
Корисникот на тој начин ќе може да види колку калории има секој оброк во нивната чинија, што содржи нивниот пијалак, дали јакната што ја носат е од вистинска кожа и слично.
Уредот е всушност еден мини спектроскоп којшто ги скенира предметите со помош на инфрацрвени зраци (Near Infrared Spectroscopy) на начин што секој молекул реагира на светлината и создава посебни вибрации со чија помош се идентификува хемискиот состав, како што се влажност, масти или шеќери.
Производот беше лансиран со помош на платформата за групно финансирање Kickstarter. Досега се регистрирани 13.000 нарачатели, цената изнесува 250 долари, а уредите ќе почнат да се испорачуваат од декември.