Во германската престолнина се гради зграда којашто нема да има внатрешни ѕидови. Главната идеја на архитектонското студио Zanderroth Architekten, што ја проектираше зградата, е сопствениците на секој од 27-те станови да ги дизајнираат согласно нивните потреби.
Објектот е проектиран како co – housing бидејќи сопствениците со помош на германската организација Smart Homing, се инвеститори на заедничката зграда. Тие заеднички работеа на проектирање на зградата, а секој посебно го дизајнираше внатрешниот изглед на својот стан.
Најголем дел од сопствениците се одлучија за двособни и трисобни станови. Но, има и такви кои споија два стана по вертикала и креираа дуплекс. Еден од нив е составен дури од четири станбени единици на два ката и претставува своевиден penthouse на оваа зграда.
Еден метар квадратен од овој станбен комплекс чини 1.445 евра.