Двојни аршини

116

hartija

Фото: Pixabay

Ситуација во која личност или група луѓе се меѓусебно третирани различно на начин кој е нефер за едната страна

Дефиниција за двоен стандард според речник

Знаејќи ја теоријава за двоен стандард или двоен аршин, прашањето е зошто се дозволува тоа. Зошто тие работи се дозволуваат на работа, дома, со пријатели и каде сè не, кога знаеме дека не е убаво.

Еве да зборуваме за работа, но апликативно е и за други места. Причините за појавување на вакви стандарди можат да бидат поради етичка, џендер, религиска и уште многу други работи, но најважно е да се знае дека се појавува, и тоа е проблем кој веднаш треба да се отстрани. Неговото отстранување може само позитивно да влијае врз работата во компанијата!

Но, за да ги отстраните, треба да знаете зашто се појавуваат:

  • Слаб менаџмент – ова може да биде круцијалниот момент. За да го немате ова, треба или да поработите на менаџментот или да направите некои промени. Сепак менаџментот е виновен за фаворизирање на некого/некои.
  • Вработени – најчесто во поголемите компании, вработените знаат да се групираат во групи, па фаворизирањето на една или друга група е неретка појава. Потребно е постојана работа со вработените (менување на позиции, внатрешно преструктурирање итн.)
  • Начин на вработување – внимавајте на овој сегмент затоа што кого ќе вработите, тој/таа ќе може да придонесе кон создавање на двојни стандарди.
  • Оддел за човечки ресурси – ако го имате, тогаш во него мора да бидат луѓе кои се навистина непристрасни и кои ќе го ценат само професионализмот!
  • Систем на оценување – ако го немате, веднаш да го имплементирате. Можеби не мора да биде како систем на оценување, во класична смисла на зборот, но мора да најдете начин да го слушнете гласот на вработените!
  • Непоставени јасни граници – мора да се постават граници на однесување, групирање и што и да е. Тие може да доведат до конфронтација помеѓу тимовите или вработените, и ставање во ситуација на менаџментот да мора непотребно да избира.
  • Работа – работа мора да има за секого и не смее да се фаворизира некој повеќе или помалку!

Кога знаете зошто двојните аршини се појавуваат во компанијата мора да работите на тоа да ги немате и веднаш да ги отстраните.

Немојте да дозволите да се толерираат едни вработени на грбот на другите.

Немојте да дозволите некои да се извлекуваат, а другите да страдаат поради тоа.

Немојте да дозволите моралните вредности во вашата компанија да се намалат или да ги снема.

Не за друго, едноставно е, доколку сакате успех во компанијата, двојните аршини на работа не функционираат! Но прво треба да тргнете од вас самите и вие да немате двојни аршини за работите околу вас.

Со успех во промените.