АВОН Македонија прослави 10 години

52

avon

Можност за развој на повеќе од 95.000 индивидуални бизниси, како единствен или дополнителен извор на приход, се резултат од 10-годишната работа на компанијата АВОН Македонија. Ова е само еден од врвовите од досегашното делување на брендот што на 17 септември го одбележа деценискиот јубилеј во земјава.

“Пред 10 години само 300 Авон претставници го започнаа патувањето со нас, а сè до денес, им дадовме можност на повеќе од 95.000 претставници да го исполнат својот сон. Само за споредба, тоа е бројка поголема од популацијата на вториот по големина град во Македонија – Битола и верувам дека со нашиот раст од ден во ден таа бројка ќе се зголемува и наскоро ќе биде на ниво на Скопје”, изјави Дана Стојкова, национален менаџер на продажба на АВОН Македонија.

Компанијата делува и во доменот на општествената одговорност. Досега има донирано повеќе од 3.700.000 денари за Борбата против ракот на дојка, а активна е и со својата филантропска кампања за Борба против семејното насилство. Со неа, 100% од профитот од продажбата на производите одат во прилог на оваа цел. На овој начин, беше кажано на настанот, Авон Македонија истакнува дека е компанија вистински ориентирана кон жената, не само кон нејзината убавина, туку и комплетна благосостојба.

Една од ексклузивните гостинки на настанот беше Елизабет Коробченко, генерален менаџер на АВОН за Балканскиот регион, која истакна дека Македонија веќе две години по ред е пазар што дава најдобри резултати во севкупното балканско АВОН-семејство.

“Во изминативе 10 години работа во Македонија достигнавме зрелост, а доказ за тоа се седумте престижни награди кои досега ги имаме добиено. Најновото достигнување на кое особено се гордееме е признанието за пазар со најголем раст на продажбата во Централна Европа за 2014 година. Продолжение на тоа е и новата информација дека го затворивме третиот квартал со 23% раст на продажбата. Со гордост можам да надополнам и дека на овој јубилеј почнавме и соработка со позната македонска дама која ги застапува истите вредности како и АВОН, Каролина Гочева”, истакна Коробченко.

Козметичкиот гигант моментно продава по 250 производи секој час, односно по четири производи секоја минута и својот јубилеј го заокружува со продажба од 23 милиони производи за убавина годишно. Исто така, на прославата беше кажано дека компанијата повеќе од 6 години наназад е број 1 во изборот на мириси за потрошувачите во Македонија, а е високо рангирана и кога станува збор за изборот на шминка и производи за нега на кожа.