Во среда на 26 септември ќе би поставен камен темелник на новата фабрика за заштитна облека VPTEX Македонија во Општина Илинден.
На настанот ќе говорат менаџерот на компанијата Драгана Јакимовска, директорот на Ван Пајнброк Текстил – Холандија, амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, нејзината екселенција Мариет Шурман, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, министерот за финанси, Зоран Ставрески и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.