Горивата од ноќеска ќе се продаваат по нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 ќе поскапат за половина дена и ќе чинат 62,50 односно 64,50 денари.
Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по цена повисока за еден денар. Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 50 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 38,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,221 денари за килограм и ќе 20,122 денари за килограм.