Каде лежат потенцијалите на Македонија за иновативност?

58

inovacii

Фото: Pexels

Општ став е, а и резултатите покажуваат дека во Македонија иако многу се зборува за Иновативност на компаниите, како и јакнење на капацитетите за иновативност, сепак таа не се негува ниту значајно стимулира. Ова не е мој личен став, туку податоците од различни истражувања објавени како јавни документи укажуваат на тоа. Еве, на пример, истражувањето објавено од страна на OECD за состојбите во Македонија укажува дека:

  • Над 50% од малите и средни компании во РМ не вовеле ниту еден тип на иновација или активности во иновирање (патентирањата се сосема ограничени)
  • Инвестициите во R&D одделите (истражување и развој – Research and Development) во компаниите во РМ изнесуваат само 23% од GERD (споредено со EU каде изнесува 55%)
  • 50% од компаниите не нудат никаков тренинг на вработените
  • Најголем дел од компаниите се потпираат на интерно знаење за иновации, па така соработката со други компании или со истражувачки институции е ограничена, иако се потврдува дека оние кои соработуваат со универзитетите или истражувачките институции се многу поуспешни
  • Главна пречка за инвестиции во иновации е ограничениот пристап до финансиски средства како кредити од банки или акциско вложување
  • Од нефинансиските пречки се наведуваат: недостаток од институционална поддршка, несигурна пазарна побарувачка за иновативни производи, куповната моќ, како и ниската соработка со универзитетите
  • Една од значајните причини е и недостаток на знаење за менаџирање на иновации

Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје спровела истражување за да ја утврди ефикасноста на искористувањето на средствата од претпристапните фондови во Македонија (ИПА), нивното влијание, како и да се проценат апсорпционите капацитети на Република Македонија.

Од спроведеното истражување е утврдено дека Македонија недоволно ги користи европските фондови за постигнување на стратешки долгорочни цели. Ефикасноста на користењето на ИПА е ниска поради слабите административни капацитети, додека ниската ефективност се должи на недоволното знаење за подготовка на проекти, недостатоците во програмирањето и слабата вклученост и соработка со релевантните засегнати страни.

Од претходново презентирано очигледно е дека на македонските компании и институции им стојат на располагање средства кои значајно би помогнале во поттикнувањето на иновативноста, но исто така и изградба на систем кој долгорочно ќе поддржува развој.

Од наведените причини за некористење на средствата на располагање ќе ги разгледувам само двете клучни кои во моментов можам да ги анулирам со својата активност. Тоа се: непознавањето на расположливите фондови и недоволното знаење за подготовка на проектите.

  1. Horizon 2020 е фонд основан од ЕУ и има за цел да ја стимулира и поддржи истражувачката дејност. На почетокот фокусот бил на технолошките истражувања, но сега фокусот е на иновациите, кои придонесуваат за побрз економски раст и пружаат решенија за крајните корисиници кои се често владините агенции. Horizon 2020 е најголема ЕУ истражувачка и иновациска програма со околу 80 милијарди евра буџет за седум години (2014 до 2020). Како дополнение на овој фонд се и приватните инвестиции што ги привлекува програмата. Програмата се состои од три главни столба:

□ Првиот столб Excellent Science се фокусира на основите на науката и располага со буџет од 24 милијарди евра.

□ Вториот столб Industrial Leadership располага со буџет од 14 милијарди. Овој столб се состои од шест потпрограми: Информациска и комуникациски технологии, Нанотехнологија, Напредни материјали, Напредно производство и преработки, Биотехнологија, Простор. Овој столб вложува напори за финансирање на SME (мали и средни претпријатија) и како преземање на ризик нуди кредити преку Европската инвестициска банка.

□ Третиот столб е т.н. Societal challenges со следните шест суб- програми: Здравство, Храна, вода, шуми и биоекономија, Енергија, Транспорт, Околина вклучувајќи ја адаптацијата на климатските промени и суровини, Европско општество и сигурност. Финансирањето на проектите е на основа на неповратни средства (грантови) и најчесто е 100% од прикажаните трошоци за проектите.

ИПА програмите се истотака финансирани од ЕУ и ги поддржуваат следниве области: Транзициска помош и институционална надградба, Прекугранична соработка, Регионален равој, Развој на човечки ресурси, Рурален развој (ИПАРД програма). Финансирањето во ИПА фондовите е со кофинансирање и во зависност од проектот процентот на учество на ЕУ средствата е различен, но најнискиот е 50%.

Владата на РМ основа Фонд за Иновативност и веќе е во тек вториот повик за аплицирање. Средствата кои во овој круг ги издвои Владата се 600.000 евра и ќе бидат доделени по основ на комерцијализација и трансфер на технологии.

Главен проблем во аплицирањето на овие програми е што подготовката на проектите е комплексна и комплицирана постапка. Покрај многуте административни работи се бара и високо експертско знаење за дефинирање на проектите, како и тим кој ќе менаџира или управува со имплементација на проектот. Токму затоа, компанијата STRATUM R&D преку стратешко партнерство со центри за менаџирање на Иновации од ЕУ помага на клиентите (мали и средни претпријатија од Македонија, универзитетски центри и НВО) да аплицираат за овие програми. Партнерите од ЕУ се компании кои се успешни во аплицирање во овие фондови и во просек годишно добиваат грантови за 20-тина клиенти или буџет во просек над 50 милиони евра. Процентот на успех во аплицирањето е над 80%. Овие Институти се успешни најнапред заради високата стручност од областа на Иновациски Менаџмент, трансфер на технологии и знаење и секако, заради искуството во подготовката на техничката документација и дефинирањето на проектите и неговите цели.

Од сево претходно изложено јасно е дека пречките што македонските компании ги наведуваат како кочница за развој и стимулација на иновации не се сосема основани. Финансиски средства има на располагање и останува волја и вложена енергија и знаење на посветени луѓе тие средства да ги добијат и вложат во развој и истражување. Овој чекор не е лесен, но затоа постојат посветени и искусни луѓе кои можат да им помогнат на компаниите. STRATUM R&D е една таква компанија.