Sea Orbiter – футуристички брод на 12 ката за подводни истражувања

45

sea orbiter

Францускиот архитект Жак Рожери дизајнираше футуристички брод направен за истражување на подводниот свет.

Бродот под името The Sea Orbiter има 12 ката, од кои шест се под морското ниво. За изградба на секој од овие катови потребни се 50 милиони долари, а првиот се очекува да биде готов во 2016 година.

sea orbiter 1

Најновиот проект The Sea Orbiter претставува синтеза на 30-годишното истражување и искуство во подводната архитектура на Рожери.

На овој истражувачки брод, којшто е висок над 30 метри, во исто време ќе може да престојуваат околу 7.000 истражувачи и студенти. The Sea Orbiter ќе претставува своевиден пловечки универзитет и истражувачки центар.

sea orbiter 2