Вкусни и исклучително здрави – семки од тиква

375

semki-tikva

Фото: Pixabay

Тиквата е многу здрава намирница, но нејзините семки се одлична замена за сите нездрави грицки.

Тие го штитат организмот од разни болести, а нивното благотворно дејство се должи на квалитетните состојки што ги содржат како што се: магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк, витамин К, протеини, влакна и фосфор.

Семките најдобро е да се јадат непреработени, може и печени во рерна (15 минути), но температурата да не премине повеќе од 170 степени.

Еве од што се ве штитат:

Се борат против рак

Германски и шпански научници во различни истражувања открија компонента во семките што се бори против канцерогените келии од различен тип и дека истите имаат и антивоспалително дејство.

Го намалуваат холестеролот

Според истражувањата, семките од тиква го намалуваат нивото на лошиот холестерол за 13%, а нивото на вкупниот холестерол за 10%. Со тоа го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го регулираат притисокот.

Штитат од дијабетес

Богати се со здрави незаситени масни киселини и поради тоа се ефикасни во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Се борат против депресија

Тие се добри и за психичкото здравје, ги намалуваат симптомите на депресија, нивото на стрес и анксиозност.

Спречуваат појава на остеопороза

Семките од тиква се одличен извор на цинк, минерал потребен за добро здравје на коските. Една четвртина шолја семки содржи 17% од дневната препорачана доза на цинк.