Килограм бел ориз ќе се откупува по цена од 55 до 60 денари

26

Килограм арпа да се откупува по 25 денари, а бел ориз од 55 до 60 денари во зависност од квалитетот, договорија претставници на производителите, откупувачите и преработувачите на синоќешниот заеднички состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пишува Миа.

“Земјоделците од Кочанскиот регион се задоволни од постигнатата цена“, изјави Драгољуб Гаврилов, земјоделец од село Чешиново кој ја предводеше делегацијата на оризопроизводители на средбата во Скопје.

Жетвата на оризот во Кочанскиот регион ќе почне за десетина дена. Од насеаните 4.500 хектари се очекува род од 27.000 тони арпа.