Експерти: Потребен е уште еден Бразил доколку не сакаме да останеме без кафе

41

kafe

На сите оние кои не можат да си го замислат денот без кафе ќе им биде потребен уште еден Бразил, најголемиот светски производител на кафе, за да се избегне недостатокот од овој напиток, пишува Bloomberg.

“Зголемувањето на потрошувачката, особено на пазарите во развој, бара и зголемување на глобалното производство на кафе за 40 до 50 милиони вреќи кафе во следите десет години“, изјави Андреа Или, главен извршен директор на Illycafe SpA, фабрика за печење на кафе со седиште во Италија.

Но, овие 40 до 50 милиони вреќи кафе се повеќе од целокупниот рок во Бразил, којшто од година во година се намалува поради климатските промени, но и ниските откупни цени поради што фармерите се откажуваат од производството на кафе. Климатските промени влијаат на приносите на кафе и во другите земји производители, како што се Никарагва, Ел Салвадор и Мексико.

Во Милано оваа недела се одржува Глобален форум за кафе, каде што најголемите производители и дистрибутери се обидуваат да најдат решение за да се спречи недостигот од кафе на пазарот во следните 10 години.