Gi FlyBike е електричен, паметен велосипед, којшто лесно се одржува и прилагодува на потребите на корисникот.
Велосипедот, којшто многу едноставно се склопува, е направен од ултра лесен алуминиум – материјал што се користи за производство на авиони.
Меѓу главните особини на Gi FlyBike е тоа што може да се склопи или расклопи за една секунда, со едно полнење на батеријата може да помине 60 километри, има USB приклучок за полнење на мобилен телефон, така што корисникот безгрижно ќе може да го вози без да се плаши дека ќе остане со празна батерија на велосипедот…
Во Gi FlyBike е инкорпориран “паметен“ систем за заклучување, којшто овозможува автоматски да се заклучи велосипедот, доколку корисникот се оддалечи од него само пет метри. Креаторите од Аргентина создадоа и апликација преку која корисниците на Gi FlyBike може да креираат сопствен профил и да се дружат со нивните Gi FlyBike пријатели.
На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, досега 114 инвеститори вложија 138.646 долари, иако првично беа побарани 75.000 долари.