Цените на горивата остануваат непроменети

29

benzini

Цените на бензините и дизел горивото ќе се продаваат по исти цени од пред две недели, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според тоа, цената на Еуросупер БС – 95 останува 62,50 денари за еден литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена од 64,50 денари, додека дизелот Еуродизел (Д-Е V) и овие две недели ќе се продаваат по цена од 50 денари за литар.

Нема промени ниту кај цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се продава по цена од 38,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,034 ден/кг и со тоа цената изнесува 20,088 ден/кг.