Технолошкиот гигант Microsoft го претстави својот прв лап топ, под името Microsoft Surface Book, пишува CNN Money.
Овој лап топ многу потсетува на MacBook на Apple, но е различен во софтверското решение. Microsoft Surface Book може да се користи и како лап топ и како таблет. Батеријата на овој компјутер, според Microsoft, може да издржи 12 часа.
Лап топ од 13,5 инчи ќе почне со продажба на 26-ти овој месец, со можност за порачки од вторник. Основниот модел на овој лап топ ќе биде 1.499 долари.
На конференцијата во Њујорк, Microsoft ја претстави и новата линија на паметни телефони Lumia, како и ажурираните верзии на фитнес нараквицата Microsoft band, којашто ќе функционира преку Windows 10. Нараквицата, која им овозможува на корисниците да го следат својот систем на вежбање, ќе чини 249 долари, а ќе почне да се продава од 30-ти овој месец.
Паметните телефони Lumia 950 и 950 XL ќе имаат почетна цена од 567 и 649 долари, кога ќе започне нивната продажба во ноември, додека Lumia 550 ќе чини 139 долари и ќе биде достапна на пазарот во декември.
Од Microsoft велат дека досега на 110 милиони уреди е инсталиран новиот оперативен систем Windows 10, којшто беше лансиран јули оваа година.