Во дилема…

156

dilema

Фото: Pixabay

Mногу пати сме се нашле во дилема, дали да или не!

Многу често сме биле во дилема, дали одлуката што ја донесовме е исправна или не!

Тука прашањето не е зошто е тоа така, туку како да немате дилема за решението што треба да го одберете. Во животот (ова важи за приватниот и за службениот живот), секојдневно ќе се најдете во ситуација да одберете едно решение. Но, едно е сигурно, кое и да го земето предвид, треба да знаете дека сте го одбрале правилното.

Мозокот е чудна направа и гледа на овој или оној начин да го одбере решението кое најмногу му одговара во тој момент. Решението го одбира врз основа на претходни искуства, вежби, спомени итн. Знаејќи го ова, најстрашни се одлуките кои мора да ги донесеме веднаш (одлуки од видот: се работи за живот или смрт). Наша среќа е кога најчесто имаме време да размислиме за одлуките кога сме во дилема.

Правилното решение ќе го одберете, ако примените некои од следниве совети :

– ЗА и ПРОТИВ листа – Најстар начин на донесување правилна одлука. Земете едно парче хартија, поделете го на пола и напишете ги сите ЗА и ПРОТИВ моменти за донесување на која било одлука. Но, за да го направите тоа треба да бидете максимално објективни и да ги земете сите минати и идни работи предвид. Можете и да се консултирате со луѓе кои поминале низ иста или слична дилема, но немојте нивните за и против моменти да влијаат врз вас. Секоја дилема е индивидуална сама за себе.

– Анализирајте ги резултатите коишто следуваат после тоа  – при донесување одлука, многу често знаеме да донесеме одлука која се заснова на сегашната ситуација, притоа не земајќи ги предвид можните последици, последици кои би сакале или очекуваме дека ќе се случат. Почекајте малку и поставете си ги следниве прашања:

  • Кои се можните резултати од тоа решение?
  • Кои резултати може да не ни се допаднат?
  • Кои се резултатите, ако не го одбереме тоа решение?
  • Што би направила другата страна ако е на ваше место?

Мислете на резултати со долгорочен карактер, а не на нешто што може утре да се случи. Размислете ги сите опции.

– Прашајте се ЗОШТО дури 5 пати – ова е прекрасна техника на Sakichi Toyota, изумителот на Toyota, која ќе ви помогне да го најдете „вистинскиот“ проблем, а со тоа и вистинското решение. Со последното ЗОШТО, го наоѓате проблемот што е причина поради која сте во моментов во дилема да одлучите за едно од најмалку двете можни решенија.

– Следете го вашиот инстинкт – доколку сте имале позитивно искуство со вашиот инстинкт во донесувањето на одлука, тогаш искористете го. Во спротивно, ќе треба да поработите малку на тоа. Инстинктот (Петар ќе напише нешто повеќе околу него во некои од наредните совети) би требало да ви биде само од помош при донесување на одлуката, иако според некои последни истражувања, луѓето што ги донеле одлуките врз основа на инстинкт се многу посреќни од тие што истражуваат. Пак ќе напоменам, ако не сте имале убаво искуство со вашиот инстинкт, поработете малку на тоа како да му верувате.

На крај, која и да користите метода, за да си ја решите дилемата во која се наоѓате, одлуката мора да дојде од вас самите. Не за друго, затоа што се работи за вас, а вие ќе треба да „живеете“ со таа одлука.

Со успех во промените.