На барање на студентите, а со цел да им се овозможи надградба на знаењата за дигитален маркетинг, AllWeb обезбеди специјални студентски влезници. И оваа година по специјална цена за една влезница тројца студенти добиваат можност да ја следат програмата на конференцијата. Влезниците се достапни на сајтот и можат веднаш да се купат, а на денот на одржување на конференцијата, 13 ноември (петок), со себе ќе треба да понесат документ со кој го потврдуваат нивниот студентски статус.
„На студентите им нудиме специјални услови за учество на конференцијата, затоа што веруваме дека така инвестираме во нивниот развој и знаење. Иако фокусот ни се компании, претприемачи, агенции за маретинг и односи со јавноста и други практичари од оваа сфера, посебен акцент ставаме и на студентите, за преку примери да им покажеме како теоретски стекнатите знаења можат да ги применат во пракса“, вели Дарко Булдиоски, од NewMediaMK, организатори на конференцијата.
AllWeb оваа година на сцена ќе донесе петнаесетина говорници, реномирани експерти од сферата на дигиталниот маркетинг, нудејќи можност за размена на искуства и конкретни примери за унапредување на дигиталниот маркетинг. Еден од говорниците ќе биде Иван Миниќ, кој во изминатава деценија бил дел во повеќе од 300 проекти во 28 земји на 6 континенти, доминантно вклучен како веб дизајнер, девелопер или онлајн маркетинг консултант. Покрај него, досега најавени се и Пол Пападимитуриу, Дејв Брис, Владимир Вулиќ, Ружица Врдољак и др.
Повеќе информации за програмата, како и за начинот на регистрирање се достапни на allweb.mk.