Добрите и лошите страни на безглутенската исхрана

65

pizza

Фото: Pixabay

Безглутенска е храната што не содржи пченица, јачмен или ’рж во составот. И овесот, според многумина, е проблематична житарка, пишува Everyday health.

Еден од најголемите митови за исхраната е дека откажувањето од глутен ќе ви помогне да ослабете за многу кратко време. Но, освен ако сте нетолерантни на оваа состојка, одлуката да преминете на ваков тип на исхрана не значи дека ќе ви помогне на овој или оној начин. Освен тоа, изборот на намирници и планирањето на оброците ќе стане значително потешко.

Луѓето што се сензитивни на глутен најчесто имаат проблеми со органите за варење од различен тип, како и болки во зглобовите и осип на кожата.

Добри страни

Олеснување на симптомите кај оние луѓе кои немаат толеранција на глутен.

Голем избор на здрави житарки од цело зрно како киноа, амарант, просо, ориз и други.

Брашната произведени од безглутенски намирници како киноата, бадемите и гравот нудат исклучителни нутритивни бенефити и се многу подобар избор од белото брашно во печивата и слатките.

Лоши страни

Ако се храните само со пакувани безглутенски прозводи што не содржат витамини и минерали кои ги има во пченичните брашна, постои веројатност да се појави недостаток на хранливи материи (калциум, железо, тијамин, рибофлавин, ниацин и фолна киселина) во организмот.

Морате внимателно да читате упатства и да се распрашате како се обработени безглутенската храна, лекови, витамини и останати суплементи.

Ако се обидувате да ослабете, безглутенската исхрана не е секогаш решение. Тоа не е исто како да преминете на храна со мала количина на јаглехидрати.

Замената на храна со глутен со безглутенски намирници може да доведе до зголемување на килограмите. Колачите, разните печива и грицките треба секогаш да се конзумираат во помали количини без разлика дали содржат глутен или не.

Пченицата, јачменот, ’ржот и овесот што содржат глутен се основни состојки во многу печива и тестенини. Ако сте навистина решени за безглутенска исхрана, исто така, ќе мора да се откажете и од соја сосот и производи од слад како пивото.