Иновација во градежништвото: Текстил – бетон

249

beton tekstil

Употребата на армиран бетон до 2030 година може да се намали за 20%, благодарение на бетонот армиран со влакна од јаглерод, пишува Gradnja.rs.

Лесните компоненти изработени од бетон армиран со текстил не само што ќе ја намали емисијата на штетни гасови, туку и ќе го поедностави процесот на изградба и монтажата.

Бетонот армиран со текстил е иновативен композитен материјал е направен од бетон од фина гранулација и високо отпорни влакна од јаглерод, алкално отпорно стакло (AR) и базалт. Главната разлика меѓу бетонот од армирани влакна, коишто се користат со децении, е во тоа што кај иновативниот вид на бетон влакната се поврзани со технологија што се користи во текстилната индустрија. Поради тоа, влакната може да се постават во насока на делување на силата.

beton tekstil 1

Голема предност во однос на класичниот армиран бетон е тоа што кај овој бетон не кородира арматурата. Со тоа, заштитниот слој на бетонот може да биде многу помал, па компонентите направени од текстил – бетонот се потенки и полесни.

Овој бетон најголема примена има кај изградба на мостови, посебни видови на носачи, фасадни елементи и при санација на објекти.