Американскиот пивски бренд Budweiser лансираше паметен фрижидер наменет за сите љубители на овој пијалак.
Станува збор за Bud – E fridge, којшто преку wi fi го информира корисникот колку шишиња пиво има во фрижидерот, дали пијалакот ја достигна потребната температура или за колку време ќе се случи тоа.
Фрижидерот има капацитет за 78 шишиња или лименки со пиво. Вкупниот број на шишиња коишто во тој момент се наоѓаат во Bud – E fridge е испишан на дисплеј на предниот дел од фрижидерот.
Посебната апликација за мобилни уреди му дава можност на корисникот да избере за кој спортски клуб навива и да го потсетува за натпреварите што следат. Преку апликацијата може да ја следи моменталната температура на пивата.
Почетната цена на овој паметен фрижидер е 299 долари.