Кампањата за подигнување на свеста за опремување на интензивниот оддел на Клиниката за детски болести во Скопје доби признание за една од најдобрите и најангажираните општествено – одговорни кампањи што во измината година се спроведуваат во државата.
Иницирана од компанијата ОКТА, оваа кампања започна со своите активности во почетокот на 2014 година. Преку донации од компанијата, индивидуалните донации од граѓаните, организации и компании го опреми интензивниот оддел со нов инкубатор, бејби терм, како и сервисирање и оспособување на постоечките инкубатори, аспиратори и перфусори.
Заштитен знак на кампањата Шанса за живот е црвено-белата гумена алка што асоцира на идентификациските алки што се даваат на мајката и новороденчето во родилиштето. За секоја донација од минимум 100 денари граѓаните добиваа ваква алка за поддршка на кампањата. Беше отворена донаторска сметка за донации од граѓаните, а можност за донирање беше дадена и со вртење на донаторски линии од сите три оператори. Упатениот повик на кампањата до граѓаните да се вклучат во истата и да ја поддржат, даде одлични резултати. Кампањата и нејзините цели добија јавна поддршка и вклучување во кампањата од повеќе од педесет личности од јавниот и социјалниот живот. За што поголем ефект и зголемување на свеста за потребите на интензивното одделение, со помош на неколку поп артисти беше направена и песна со видео спот.
Како резултат на поддршка и јавното приклучување на кампањата од страна на овие личности, моментално приближно 16.000 граѓани ја следат кампањата и нејзините активности на социјалните медиуми.