Во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, на 30 октомври 2015 година, во М6 Едукативен Центар, Скопје, ќе се одржи 7-та меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO на тема HR Experience & Innovation.
Во последните неколку години, бизнис лидерите ја оценуваат способноста за иновативност како еден од клучните предизвици за остварување на конкурентна предност, а во исто време и како една од главните причини за долгорочниот целокупен успех на организацијата. Резултатите од многубројните истражувања спроведени за оваа проблематика говорат дека основата и напредокот на секоја успешна компанија преку иновативност во најголем дел се должи на примената на соодветна стратегија која ги адресира луѓето и човечкиот капитал. Притоа HR професионалците имаат значајна улога да ги пронајдат талентите, да ги мотивираат да бидат посветени на својата работа преку наградување, да го истакнат својот талент, со полна поддршка на иновативна корпоративна култура.
За иновативноста на вработените, иновативноста на компаниите, лидерство преку коучинг, диверзитетот, HR практиките, предизвиците со кои се соочуват HR лидерите и организициите, на конференцијата ќе зборуваат некои од најдобрите HR менаџери од регионот, кои ќе пренесат дел од своето искуство и успех во професијата:
- Mihaela Smadilo, Global Business Leadership Partner, IBM (Croatia) / the Prometheus HR Manager of the Year, 2014;
- Vesna Vodopivec, Director of HR & Organization Development, NLB (Slovenia);
- Joke Land, Psychologist, Systemic Specialist, NLP Master Trainer, Bureau Land & Partners (Netherlands)
- Dr. Leslie Szamosi, Professor, The University of Sheffield International Faculty, City College(Greece) и
- Korneliya Veneva, HR Lead for South East Europe at SAP (Bulgaria) / HR manager of the Year 2014
Ексклузивно на овој настан ќе биде прогласен најдобриот HR менаџер на годината, а ќе биде доделена и наградата за Најдобар HR есеј за 2015.
Во рамките на конференцијата традиционално ќе се одржи и HR EXPO каде што компании, центри за обука и консултантски куќи, агенции за посредување при вработување, ИТ компании и други ќе имаат можност да ги претстават своите услуги пред бројните учесници и претставници на бизнис секторот. Најавените компании кои ќе земат учество се: S&T Македонија, Вработување.ком, НЛБ Нов Пензиски Фонд, Центар за бизнис психологија – Системски НЛП ЈИЕ, Momentis Coaching & Development и Македонски Телеком АД Скопје.
Настанот е поддржан од страна на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и Академија за менаџери, ЕВН Македонија, М6 Едукативниот центар, Алкалоид АД Скопје и Nordeus.
Резервирајте го Вашето место и дојдете на настанот на којшто гостуваат истакнати менаџери со единствена цел да ги пренесат своите искуства и знаења во Македонија и да Ви помогнат да бидете уште поуспешни.
За регистрација за учество и повеќе информации за настанот може да погледнете на www.mhra.mk.