Motobot: Робот – мотоциклист на Yamaha

34

motobot

Јапонскиот производител Yamaha го претстави Motobot, робот дизајниран да вози мотоцикл. Ова е почетната верзија, којашто вози прилично споро, па потребни се помошни тркала за да не се преврти. Од Yamaha се надеваат дека наскоро Motobot ќе достигнува брзина над 200 километри на час.

Motobot ќе служи како тест модел за истражување на безбедносните системи, но и на системите на поддршка кои мораат да бидат функционални и во најтешки услови.