Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска добиваат нова цена пониска за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 62 денари за литар, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 64 денари. За еден денар поевтино ќе се продава и литар Еуродизел (Д-Е V), чија нова цена е 49,50 денари. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,570 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 19.10.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,313 ден/кг.