Отворен првиот ресторан со нов концепт на Goody’s

93

Foto 1_Goody's Burger House

Во трговскиот центар Рамстор во Скопје, отворен е првиот ресторан со брза услуга Goody’s Burger House, што ќе функционира според новиот концепт на познатиот синџир Goody’s.

Новата франшиза на Goody’s во земјава по својот современ модел на функционирање и уникатните карактеристики се разликува од постојните класични сендвичарници.

“Во Goody’s Burger House сè е фокусирано на потребите на гостите и нивното автентично искуство во опуштена атмосфера во која владее современа естетика. Тука гостите добиваат супериорна и брза услуга, а при тоа сè е направено за да се чувствуваат како во ресторан од висока класа. Тоа е сосема нов концепт во овој брзо растечки сегмент на угостителскиот бизнис, во кој Goody’s, со своите високи стандарди и искуство, сериозно се наметнува како број еден бренд во Југоисточна Европа“, објаснува директорот на Goody’s Burger House, Зоран Лојаница.

Главнината на менито на Goody’s Burger House го сочинуваат повеќе видови бургери од 100% чисто говедско месо, како и вариетети на сендвичи и скара од пилешко месо. Целокупната храна се подготвува од сировини со највисок квалитет и тоа веднаш по нарачувањето од страна на гостите, што дополнително придонесува таа да се послужи во екстра свежа состојба и со гарантиран вкус кој ги има задржано сите оригинални ароми.

За севкупното високо ниво на искуството на гостите во ресторанот се грижи специјално обучен персонал со богато искуство, подготвен во секој момент да ги пречека сите гости, да им го објасни детално целокупното мени и да им помогне во изборот. За подготовка на храната се грижат вешти готвачи кои посетувале специјална обука за подготовка на ваков вид храна.

Менаџментот на Goody’s Burger House се надева дека современата атмосфера, високите стандарди и автентичното мени на овој ресторан со брза услуга ќе придонесат тој да биде ново гастрономско обележје на Скопје, кое набрзо ќе се прошири и на други локации во градот и ширум земјата.