Со бугарски пасоши и регистарски таблички Грците се спасуваат од високи даноци

68

Bulgaria_Greece-borderГрците регистрираат фантомски фирми во Бугарија, земаат бугарски пасоши и ставаат бугарски таблички на своите автомобили. Ова се “мерките” што ги преземаат за да ги избегнат високите даноци во својата земја, пишуваат бугарските медиуми повикувајќи се на репортажи од грчките телевизии Антена и Стар.

Според информациите во медиумите, веќе 10.000 автомобили имаат бугарски таблички. На интернет можат да се најдат огласи во кои се нуди помош за добивање броеви, заедно со цената за услугата.

“Сообраќајот на возила на грчко – бугарската граница не се контролира”, вели Димитрис Тримпониас, претседател на Федерацијата на грчките царински службеници.

Тој постојано ги информирал своите претпоставени, но од нивна страна немало никаква реакција.

“Во последните три години нашата федерација постојано ги информира политичките лидери дека во големи размери се избегнува плаќањето на данок, шверцот и трговијата со автомобили цветаат, но досега ништо не е сменето”, вели Тримпониас, пренесуваат бугарските медиуми.