Australian Open го продолжува партнерството со Lacoste

46

529025_10151352460087421_659046248_nСо завршувањето на тенискиот турнир во Мелбурн изминатиов викенд, познатиот француски моден бренд Lacoste го продолжи својот договор со Tennis Australia на уште пет години соработка.

Имено, модната компанија потпиша нов договор со екслузивниот добавувач на облека на Australian Open, партнерство кое ќе трае се до 2018 година.

Францускиот бренд и во следните пет години ќе ги обезбедува официјалните униформи за машките и женски судии, децата што ги собираат топчињата и главните судии. Сите тие ќе носат облека со познатото лого на Lacoste – крокодилот.

Австралиските љубителите на тенисот ќе можат да купуваат облека со добро познатото лого во три продавници, и тоа во Grand Slam Oval, арената Margaret Court и во Rod Laver.

Ова не е едниственото познато партнерство помеѓу модни брендови и тенисот. Американскиот моден гигант Ralph Lauren од 2006 е официјален снабдувач на опрема на најпополарниот тениски турнир во светот, Wimbledon, а исто така ги облекува и службните лица на US Open. На Roland Garros (French Open), девојчињата и момчињата што ги собираат топките носат облека од Adidas.

Основана во 1933 од францускиот првак во тенис René Lacoste, брендот е моментално присутен во 114 земји во светот, каде еден Lacoste производ се продава на секои 2 секунди.