Фото: Pexels
Во подрачјето на реката Рајна во Германија успешно е тестиран дрон од 12 килограми, којшто ќе се бори против комарците, пишува Wormser zeitung.
Овој дрон распрскува биолошки агенс којшто ги уништува здодевните комарци, а се очекува на пролет да почне да ги запрашува водните површини каде што се множат комарците.
Овој нов метод нема да ги замени конвенционалните методи на прскање против комарци со авиони, туку ќе се користи за третирање на помали водни површини. Дронот ќе има носивост од пет килограми средство против комарци.