Дизајн или функционалност? А зошто не двете во едно?

181

Секој ден минуваме значително време во кујната. Во голем дел стана централно место во семејниот живот. Ваква соба со голема важност не смее да изостави со квалитет, издржливост, ефикасност и удобност. Затоа и при нејзиното проектирање и дизајнирање, покрај визуелниот аспект, се води сметка и за функционалноста, која, покрај распоредот на елементите, ја создаваат и разните додатоци со нивно стратешко поставување. Некои од овие додатоци, покрај функционалноста, имаат и споредна декоративна природа дополнително обогатувајќи го севкупниот дизајн на кујната.

По својата функција овие додатоци се делат на повеќе сектори, од држачи за чаши и шишиња, преку заштитни стакла и подлоги, корпи за отпад и друго. Сите се корисни производи кои ќе го олеснат животот и работата во кујна. Иако некои од нив се навистина неопходни, другите се понуда за израз, престиж или, за архитектите и дизајнерите, доловување на нивната амбиција и талент.

Во прилог ви презентираме избор на премиум кујнски производи од Беланда – италијански производител на декоративни кујнски производи, а можете да ги погледнете/набавите во изложбениот салон на ВИТРИНА во Градскиот трговски центар.

Држачи за чаши

Се поставуваат под висечките елементи во кујната или шанкот. Поврзани во серија претставуваат елегантно решение на кое ќе ги поставите чашите со поширока база. Одлични за примена во кујните во домовите, рестораните, шанковите во кафулињата и дискотеките итн.

Нашата понуда ја сочинуваат два модела на држачи. Кликнете на линковите да добиете повеќе информации за нив и нивната цена.

BEL 02062http://vitrina.com.mk/?p=3483

BEL 12050 http://vitrina.com.mk/?p=3487

casi

Заштитен стаклен панел

Често се одлучуваме за кујна со острово поставено на средина на собата кое има функција на работен простор од едната страна и простор за кафе или доручек од другата страна. На работниот простор се случува да ја поставиме грејната плоча за готвење. Вклучена генерира топлина која се шири и може да смета додека го пиете кафето или појадувате.

Токму ова е функцијата на заштитниот стаклен панел. Со висина од 170 мм и должини од 600 и 900 мм да го спречи топлотното дејство на грејната плоча. http://vitrina.com.mk/?p=3479

staklen_panel

Заштитни подлоги

Оригинална подлога за тенџере штотуку извадено од шпорет. Лесно се поставува и е погодна за сите рамни кујнски површини. Во целост е изработена од нерѓосувачки челик со висока механичка и корозивна отпорност, како и отпорност на топлина.

Нашата понуда ја сочинуваат два модела на подлоги. Кликнете на сликите да добиете повеќе информации за нив и нивната цена.

БРАНОВИДНА ПОДЛОГАhttp://vitrina.com.mk/?p=3458

КРУЖНА ПОДЛОГАhttp://vitrina.com.mk/?p=3453

podlogi

Канти за отпад

Нашата селекција на канти за отпад се дизајнирани за лесно поставување на површината на работната плоча. Паметниот дизајн на овие канти ги поставува рамно со површината на работната маса, криејќи ја корпата под неа и со тоа се обезбедува лесно ослободување од органскиот отпад.

КАНТА ЗА ОТПАД 1http://vitrina.com.mk/?p=3474

КАНТА ЗА ОТПАД 2http://vitrina.com.mk/?p=3470

kanti

Носачи за шанк FLUO

Осветлувачки носачи за шанк во Вашиот дом, ресторан или кафуле. Како интересен осветлувачки детаљ може да придонесе за поголем визуелен ефект и фокус во дизајнот на ентериерот. http://vitrina.com.mk/?p=3439

sank

Плафонски носач за полици CAVO

За декоративни елементи од обработена иверка или друг панел кој виси закачен на плафон. Употребете го CAVO да направите елементи кои, буквално, излегуваат од рамките на собата. Се создаваат висечки полици на кои ќе ги положите Вашите декорации, кујнски прибор, шишиња и друго. http://vitrina.com.mk/?p=3446

polica

footer_vitrina