Според податоците на државниот завод за статистика, индустриското производство во декември минатата година, во однос на декември 2011, е намалено за 8%.
Во секторот Рударство и вадење камен забележано е опаѓање на производството за 1,9%, во секторот Преработувачка индустрија за 8,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација производството е намалено за 8,8%.
Во однос на главните индустриски групи, производството бележи опаѓање кај Енергијата за 14,3%, Капиталните производи за 10,8%, Трајните производи за широка потрошувачка за 23,4% и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 12%. Пораст е забележан кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 3,9%.