Мicrosoft го промовира Оffice 365 Home Premium

57

office-365-home-premiumНовата Оffice линија на производи наменета за потрошувачите, Оffice 365 Home Premium ќе биде достапна на глобално ниво, потврдија од Мicrosoft.

Се работи за облак (cloud) услуга, дизајнирана за луѓе со поголем број работни и семејни обврски.

Услугата вклучува најнов и најкомплетен сет на Оffice апликации, кој може да функционира на најмногу пет Windows таблети, персонални компјутери и Мекинтош компјутери и содржи екстра SkyDrive носител на податоци и повици на Skype.

Компанијата воведе и нова веб страница, Time tо 365, каде луѓето може да споделат совети, трикови, идеи и инспирација од целиот свет.

Мicrosoft ја објави и дополнетата верзија на традиционалните Оffice пакети – Office Home and Stident 2013, Office Home and Business 2013 и Office Professional 2013.

Оffice 365, со новите перформанси за деловните субјекти, ќе биде глобално лансиран на 27 февруари 2013.

Оffice 365 Home Premium е достапен на 162 пазари и преведен на 21 јазик. Заинтересираните за оваа услуга може да дознаат повеќе или да ја испробаат бесплатно во временски период од 30 дена на www.office.com.