Отворен првиот парк на ветерници во Србија

79

srbija

Во Кула, Србија, вчера е отворен првиот парк на ветерници, во чија изградба се инвестирани 15 милиони евра, јавува Танјуг.

Паркот се состои од три ветрогенератори од типот Вестас од Данска, со висина од 178 метри. Првиот парк на ветерници, со моќност 9,9 мегавати, годишно ќе произведува 27 милиони киловат часови зелена енергија, што е доволно за потребите на скоро 8.000 домаќинства.

Србија треба до 2020 година да го зголеми уделот на обновливи извори на енергија во финалната потрошувачка од досегашните 21% на 27%.