Во ноември минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 20.857 денари и во однос на истиот месец лани таа е зголемена за 0,1%, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
Зголемувањето најмногу се должи на порастот на нето-платата во секторите Стручни, научни и технички дејности, Други услужни дејности и Земјоделство, шумарство и рибарство.
Во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Рударство и вадење камен и Земјоделство, шумарство и рибарство, има намалување.
Бруто платата изнесувала 30.595 денари и кај неа нема промени во споредба со ноември 2011 година, а има намалување за 0,9% во однос на октомври истата година. Во ноември 2012, 2,2% од вработените не добиле плата.