Бензините од ноќеска ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, додека дизелот останува по стара цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 62,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 64,50 денари за еден литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 38,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) останува непроменета и ќе чини 49,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,526 ден/кг и ќе се продава по 20,787 ден/кг.