Најдобрите совети од Џек Ма, основачот на Alibaba Group

237

jack-ma

Фото: Alibaba Group

Многуте грешки и одбивања му ја одржале животната лекција на Џек Ма за постигнување на успехот. Денес тој е еден од најбогатите луѓе во светот и еве што има да им порача на сите оние кои имаат потреба од совет.

За успешната идеја

Ако 90% од присутните на деловниот состанок гласаат за еден предлог, нема да го прифатам. Причината е едноставна: ако сите присутни видат прилика во таа идеја тогаш големи се шансите други компании веќе да работат на истото, што значи дека нема да можеме да се пробиеме на тој пазар.

Што не треба да правите

Во 2001 година направив грешка. Им реков на колегите што ја основаа компанијата заедно со мене дека граница на нивните кариери е менаџерското ниво. Мислев дека ми требаат професионалци. По година дена ниеден од тие професионалци веќе не работеше за нас, додека оние за кои се сомневав дека имаат потенцијал за напредок сега се мои заменици.

Најлоши особини што еден претпримач може да ги има се: снобизам, неспособност да ја разбере ситуацијата, работа во “петта брзина” без способност да се одржи на долги патеки и отсуство на долгорочна визија.

Совет до младите

Што е неуспех? Тоа значи дека сте се откажале од борбата за она што го сакате.

Што значи прилагодливост? Ќе разберете кога ќе искусите неуспех и разочарување.

Што треба да правите? Треба да работите колку можете и да бидете поамбициозни од другите.

За исполнетост во животот

Порано или подоцна ќе зажалите што сте го поминале целото свое време на работа. Секогаш се потсетувам дека никој од нас не е роден да работи, туку да ужива во животот. Тука сме да им помогнеме на другите да живеат подобро и да не го поминуваме целото наше време работејќи.

За натпреварувањето и натпреварувачите

Ако вашиот конкурент е послаб од вас и понатаму треба да го гледате како рамен на себе. Секако, ова оди во две насоки – дури и ако е појак од вас, немојте да се плашите. Вистинскиот претприемач нема пријатели, а кога ова ќе го разберете никој нема да може да ве сопре.

За претприемачите

Наместо да барате брзо решение и проверени шеми, фокусирајте се на воспоставување на стабилност и исполнителни долгорочни планови. Денес можеби ќе биде тешко, а утре уште потешко. Но, наредниот ден ќе биде прекрасен.

За започнување на сопствен бизнис

Кога започнувате сопствен бизнис значи дека се одрекувате од стабилни приходи и годишни бонуси. Од друга страна пак, вашата заработувачка ќе биде неограничена, поефикасно ќе го користите времето и нема да барате дозвола од никого ако сакате нешто да направите.

Кога барате бизнис партнер, внимавајте тоа да биде некој што придонесува за вашата способност и знаење. Не ви треба некој што е веќе многу успешен во нешто. И уште една работа – трудете се вашите вработени да доаѓаат на работа насмеани.