Макпетрол: Успехот на една компанија најдобро се гледа преку бројноста на нејзините задоволни и лојални корисници

172

Foto 2

Програмата за лојалност, на компанијата Макпетрол, Верна, денеска по скоро една година го доби и 50.000-от член на своето семејство. Истото, компанијата го одбележа преку настан во салонот на Хонда.

Поточно, компанијата Макпетрол за 50.000-от член на програмата Верна и за клиентот со најмногу стекнати поени на Верна картичката, подготвија подароци преку кои ја искажаа својата благодарност за нивната лојалност и доверба. Додека за шефот на бензинската станица Партизанска 002, кој обработил најмногу Верна пристапници, компанијата му додели Пофалница за покажана успешност во одвивањето на Верна програмата за лојалност на Бензинската станица.

На настанот се обратија Мишко Тасевски, раководител на сектор за маркетинг во Макпетрол како и Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба.

“Успехот на една компанија најдобро се гледа преку бројноста на нејзините задоволни и лојални корисници. Идентификувајќи се со оваа девиза, Макпетрол во изминативе години, интензивно вложува во квалитетот на производите и услугите. Потрошувачите го препознаа тоа и ни ја поклонија нивната доверба. Макпетрол, како современа и пазарно ориентирана компанија, со воведување на Верна програмата за лојалност ја наградува довербата на своите потрошувачи“, изјави Мишко Тасевски.

Компанијата Макпетрол пред околу една година, преку одрекување на дел од својата фиксна маржа на горивото, ја стартуваше кампањата Верна. Преку оваа програма потрошувачите стекнуваат поени за секој наполнет литар гориво, како и за други производи купени на бензинските станици и продажни места на Макпетрол. Потоа, со приложување на Верна картичката за лојалност, поените можат да се користат при купување производи од дополнителниот асортиман.

“Како компанија сè уште учиме во поглед на спроведувањето на програмата и секојдневно се стремиме истата да расте и созрева. Затоа, искрено ги повикуваме нашите потрошувачи, доколку имаат било каква забелешка или идеја околу програмата, слободно истото да го споделат со нас преку нашите профили на социјалните мрежи, како и на бензинските станици. Така ќе ни помогнете во нашата цел, Макпетрол да стане целосно кориснички ориентирана компанија“, изјави Љупчо Георгиевски.