Отворен новиот продажен салон на SIGMA Jewelry во ГТЦ

315

48176a13-be99-47d9-82ec-dc2594ebe080

Во Градскиот трговски центар во Скопје, во средата, во присуство на многу пријатели, клиенти, соработници и пред сѐ љубители на префинетиот накит, официјално започна со работа новиот изложбен салон на SIGMA Jewelry специјализирана за италијански златен накит.

Настанот беше одбележан со пригоднa, отмена забава, онака како што и доликува на еден бренд кој отвора за јавност модерен и стилски опремен објект, овојпат во комплетно ново италијанско руво.

„Отворањето на новиот продажен објект е дел од нашата заложби да бидеме секогаш чекор понапред и да ги доближиме најновите светски трендови за златен накит до нашите клиенти, да ја донесеме италијанската мода во едно ново модерно и комфорно место во градот, каде што освен избор на уникатни стилизирани дизајнерски парчиња на италијански златен накит, нудиме целосно опуштање во естетиката што Ве опкружува. Веруваме во нашите клиенти и нашата цел е континуирано да пласираме нови производи и трендови во златниот накит и да им го овозможиме на нашите клиенти она што го заслужуваат – најдобар квалитет, најнови модели златен накит, широк избор по многу пристапни цени и место во градов каде што ќе се чувствуваат среќно, посебно и исполнето”, изјавија од СИГМА.

Со отворањето на новиот објект, Сигма стана пионер во Македонија во имплементирање на најновите трендови од визуелно-светлосни елементи кои се користат за истакнување на природните нијанси на златото во комбинација со другите елементи, а се користат во продажните салони на врвните светски брендови за накит.