Полската компанија Linetech вчера ја купи словенечката Adria Airways Tehnika (ААТ), компанија за одржување и сервисирање на авиони.
Словенечкиот државен холдинг (СДХ) беше сопственик на 52,33% , а Аеродром Љубљана во ААТ имаше удел од 47,67%, пишува Дело.
Adria Airways Tehnika е основана во 2010 година и е овластен европски сервисен центар за авиони на канадскиот произведувач Bombardier, а одржува авиони и на европскиот произведувач Airbus.