Black Friday е најголемиот и најпознатиот ден за шопинг во историјата на нашата планета. Единственото значење на последниот петок во ноември, 27-ми, се големите попусти и можноста секој да може да го купи она што го сака по евтини цени какви што не можеме да сретнеме во текот на целата година.
Налик на светските метрополи и Скопје веќе традиционално го зафаќа Black Friday, кога на 27- ми ноември Скопје Сити Мол се вклучува во шопинг манијата препознатлива низ светот, која е најава за новогодишните празници и популарните предновогодишни активности.
Повеќе од 90 продавници од 10:00 часот, па до полноќ во петок, вклучувајќи ги и најатрактивните брендови во Скопје Сити Мол, покрај актуелните попусти што ги имаат во моментов, ќе понудат и специјални Black Friday попусти кои ќе се движат од 10% до 70%.