Производителот на француските колачи Мacaron, Ladurée, ја прошири својата слатка империја со отворањето на раскошниот чоколаден бутик во Париз, близу Tuileries Gardens.
Lеs Marquis de Ladurée неодмна ги отвори вратите на својот чоколаден бутик кој наликува на слатките продавници од 18-от век. Но, наместо колачите macaron и познатите француски десерти како millefeuilles и éclairs, во него ќе најдете редици бонбони со чоколаден крем, пралини и тартуфи.
На менито можат да се најдат како класични, така и необични вкусови, рум, роза, црн чај, сусам, овошје, јоргован…
Во продолжение погледнете како изгледа овој луксузен чоколаден бутик.