Цукерберг и Гејтс создадоа фонд за инвестиции во чиста енергија

39

gets i cukerberg

Марк Цукерберг и Бил Гејтс најавија дека ги здружуваат силите со неколку големи имиња од светот на технологијата да создадат нов фонд што ќе ги поттикне приватните инвестиции во чиста енергија, пишува Gizmodo.

Фондот, под името Breakthrough energy coalition, ќе инвестира во идеи што имаат потенцијал да го трансформираат начинот на производство и потрошувачка на електрична енергија. Во фокусот на овој фонд ќе бидат млади компании коишто имаат визија за иднината на енергијата што ослободува нула штетни гасови и е целосно стабилна за потрошувачите.

Освен Цукерберг и Гејтс, во овој фонд активно учествуваат и основачот на Амазон – Џеф Безос, основачот на Virgin Group – Ричард Брансон, сопственикот на Alibaba – Џек Ма, претседателот на Soros Fund Management LLC – Џорџ Сорос, сопругата на Цукерберг – д-р Присила Чан…

Гејтс ја лансира и програмата Mission Innovation, којашто вклучува 20 земји меѓу кои се Велика Британија, САД, Бразил, Кина и Индија. Главната цел на оваа програма е двојно да ги зголеми инвестициите во енергетски истражувања во следните пет години, од десет на 20 милијарди долари.