Халкбанк со промотивна кампања на кредитни картички со 4% каматна стапка

25

halkbank

Халкбанк ја најавува промотивната кампања за кредитните картички со 4% каматна стапка во првите шест месеци од издавањето.

“Сите клиенти кои во период од 01.12.2015 до 15.01.2015 година ќе аплицираат за кредитна картичка и истата ќе им биде одобрена ќе ја имаат ексклузивната можност да уживаат во придобивките на кредитната картичка со промотивна каматна стапка од 4%“, се вели во соопштението на банката.

Со кредитните картички, Халкбанк на своите клиенти им овозможува уникатна бонус програма за прибирање бонус поени и нивно користење во секојдневното пазарување; плаќање на рати кај одредени партнери на банката и брзи бесконтактни трансакции на ПОС терминалите.

Сите типови на кредитни картички даваат можност за користење на расположливите средства од револвинг кредитниот лимит и пристап до истите 24 часа во денот, седум дена во неделата.