Стопанска банка Битола избрана за најдобра комерцијална банка од International Banker

stopanska banka bitola

Стопанска Банка Битола е избрана за најдобра комерцијална банка за 2015 година и банка со најдобро банкарско иновативно работење со физички лица за 2015 година во Република Македонија, од страна на престижниот меѓународен магазин International Banker.

International Banker е еден од водечките светски извори на авторитативна анализа на меѓународниот финансиски и банкарски сектор. Успешно ја реализира својата цел да биде главен извор на информации за клучните фактори на одлучување во финансиското работење. Станува збор за меѓународно признаена публикација, чиј углед се базира на објективност, влијание, интегритет и точност во информирањето.

STBBT_Nagrada_IB2015_1

Стопанска Банка Битола (СТББТ) е оценета како еден од лидерите во банкарскиот сектор на Република Македонија, со значителен пораст на бројот на клиенти и зголемена рамка на кредитни и платежни активности. Забележан е порастот на мрежата на експозитури на Банката, за цели 26,67% и континуирано зголемување на бројот на вработени.

STBBT_Nagrada_IB2015_2

Помеѓу критериумите за доделување на овие награди на СТББТ, се вбројува успехот на банката во делот на работа со физичките лица. Вкупната вредност на кредити за население, се зголемила за 50% во текот на 2014 година. Голем удел во овој импресивен пораст, има континуираната понуда на банката на нови производи и услуги, кои се прилагодени на потребите на клиентите.

Годината е оценета како исклучително успешна и за корпоративниот сектор на Банката. Забележен е пораст на корпоративното портфолио за 10,26% и пораст на депозитите за цели 39,18%.

Со добивањето на престижните награди за 2015 година, од страна на магазините International Banker и Global Banking Finance, успешната приказна на Стопанска Банка Битола добива меѓународна верификација. Признанијата пристигнуваат и дома, во Република Македонија. Стопанска Банка Битола континуирано добива нови клиенти кои ја препознаваат како стабилна финансиска институција.

За потсетување, оваа година, Стопанска Банка Битола, беше наградена и од светски познатиот финансиски магазин Global Banking Finance. Доделена е престижната награда за најдобра банка за работа со физички лица во Република Македонија за 2015 година. Воедно, тимот на Global Banking Finance го избра извршниот директор на Стопанска банка Битола за најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор за 2015 година во Република Македонија. Наградата ја доби како резултат на анализата на поднесените номинации, при што прецизно се мери успехот на менаџерот преку постигнатите резултати на банката во банкарскиот сектор.