Фабриката за тули Киро Ќучук најавува рестартирање во февруари

47

kiro-kucuk-580x326

Раководството на фабриката за тули Киро Ќучук од Велес најавува рестартирање на производството во февруари следната година, пишува Миа.

Фабриката по подолго неработење и стечај, на 19-ти октомври годинава беше продадена на македонско – турската компанија Еуро брик компани за 1,1 милиони евра.

Тодор  Кочов, директор на Киро Ќучук, информираше дека за почеток во ремонтот, чистењето и средувањето на машините се ангажирани триесетина поранешни работници. За рестартирањето во февруари планираат да вклучат во производство 150 работници во погонот за блок греди, којшто треба прв да биде рестартиран.

“За почеток на производство потребна е инвестиција од еден и пол до два милиони евра бидејќи поради долг застој дури 80% од опремата на фабриката за цигли е во многу тешка состојба“, рече Кочов.

Освен тули и градежни греди, како што најави, планираат и збогатување на градежниот асортиман со нови производи кои се бараат на пазарот. До Министерството за економија поднеле барање за концесија за црпење глина која се користи како основна суровина за производство.