A.I. – стол создаден со помош на вештачка интелигенција

38

 

 

Францускиот дизајнер Филип Старк во соработка со италијанска компанија за мебел Kartell претставија стол изработен со помош на вештачка интелигенција, пишува Dezeen.

Столот, наречен A.I.,е креиран од страна на Старк, којшто за таа цел користеше софтвер за дизајн, изработен од американската софтверска компанија Autodesk специјализирана за 3D инженеринг и софтвер за градежни цели.

Дизајнерот со помош на софтверот создаде цврст и удобен стол со минималистички дизајн и препознатлива естетика за Kartell.

За да може да ги направи столчињата, софтверот претходно го “учеше“ процесот на изработка и “одговараше“ на прашања од дизајнерот и тимот на Kartell.

На нивно барање, вештачката интелигенција создаде ефикасен производ со многу малку материјал, користејќи специјална техника на моделирање наречена injection moulding.

Фото: Facebook