А1 Македонија со нова онлајн понуда во месецот на вљубените

4

А1 Македонија ја збогатува својата онлајн понуда и за сите свои постпејд корисници, во месецот на љубовта, воведува уште поголем избор на атрактивни смарт-телефони, достапни преку онлајн каналите за продажба.

Корисниците можат да изберат од новата листа на смарт телефони достапни со промотивен онлајн попуст и тоа, Huawei P Smart 2021 за месечна рата од 129 денари, Honor 9X или LG K52 за месечна рата од 149 денари, како и Huawei P40 lite за месечна рата од 239 денари, само со тарифниот модел А1 Neon+.

Понудата на телефони важи за нови и постојни корисници на постпејд мобилни услуги, со склучување на нов или обнова на договорот на 24 месеци, само со испраќање на електронска нарачка или нарачка преку A1 Live Shop.

Со оваа понуда, А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба за креирање понуди и услуги кои ги пресретнуваат комуникациските потреби на корисниците и тоа преку дигиталните канали, за врвно корисничко искуство.