A1 Македонија со нови бенефити за припејд корисниците

185

A1 Македонија ја надополнува својата понуда за корисниците на мобилната припејд телефонија со којашто бесплатно го добиваат неделниот пакет A1 Go Social за неограничено сурфање на омилените социјални мрежи.

Со секое онлајн надополнување на припејд кредит од најмалку 150 денари, A1 припејд корисниците бесплатно го добиваат неделниот пакет A1 Go Social со којшто ќе можат неограничено да сурфаат на омилените социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошат дополнителен интернет.

Доколку корисникот во промотивниот период добил бесплатен A1 Go Social пакет и притоа направи ново онлајн надополнување пред целосно да го искористи постоечкиот пакет во рок од седум дена, ќе му биде доделен нов бесплатен А1 Go Social пакет со важност во наредните седум дена.

Надополнувањето е достапно преку апликацијата Мојот А1, преку веб-страницата www.A1.mk/nadopolni-kredit или преку префрлување на кредит од постпејд на припејд број. Бесплатниот пакет A1 Go Social важи од моментот на извршеното онлајн надополнување на припејд сметката и трае во наредните седум дена.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.