AB InBev и SABMiller го договорија спојувањето во една компанија

3

piva proizvodstvo

Двата најголеми светски производители на пиво постигнаа договор за присоединување, откако SABMiller ја прифати зголемената понуда за аквизиција од страна на конкурентот Anheuser – Busch InBev, пишува BBC.

Новоформирата компанија ќе покрива 30% од светското производство на пиво.

SABMiller има околу 70.000 вработени во над 80 земји и глобална продажба од околу 26 милијарди долари. Во AB InBev работат околу 155.000 лица, а компанијата остварува годишна продажба од околу 47 милијарди долари.

SABMiller стои зад пивските брендови, како што Peroni, Grolsch и Pilsner Urqwuell, додека во портфолиото на Anheuser – Busch InBev се Budweiser, Stella Artois и Corona.